Во големиот салон на Галерија „КО-РА“ во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, отворена е изложбата „Откривање на нашата природа“ со учество на Катерина Филиповска Стефановска, Розета Картова и Ивона Велковска , која е и автор на овој проект поддржан од Министерстваото за култура на РСМакедонија. Проектот е од едукативен карактер со цел не само да ги афирмира убавините на природата,туку да ја побуди свеста за влијанието и значењето на природата врз секоја единка и нејзиниот емотивен и психолошки развој. Во контекст на овој проект, а во рамките на отворањето на изложбата предавање одржа Тони Анев, психолог, соработник од научна област. Предавањаето насловено „Престојот во природа и добросостојба на духот“ како и музичкиот настап на Тони Анев кој е дел од истиот мултимедијален проект, побудиа голем интерес кај многубројната публика од различна возраст, како и делата во повеќе техники, вклучувајќи ја и фотографијата како медиум, со кој Ивона Велковска,во вид на дневник ги забележи автентичните доживувања, со цел да се афирмира неодминливата убавина на планинските предели од РСМакедонија додека делата на Розета Картова и Катерина Филиповска Стефановска непосредно го акцентираа богатството и сеобилството на раскошните плодови,кои ја доловиа миризбата, боите и соковите
од раскошната ризница од родната почва на РС Македонија. Воведен збор имаше Виолета Калиќ, историчар на уметноста, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во ЈУДом накултура „Кочо Рацин“ Скопје која го истакна „значењето на заложбата на учесниците во овој проект кој е поддржан во контекст на програмата која е од едукативен карактер и има за цел да ги афирмира волшебните убавини на природата , но воедно да ја поттикне и свеста за нејзиното исконско значење и пред се запазување кое има непосреден импакт и многуслојно значење врз секоја единка која е нерзаделен дел, нераскинлив сегмент од тој сложен биодиверзитет, а запазувањето на природата, која е во многу сфери е магична,мистична, силно инспиративна, импресивна, раскошна во сите сегменти,воспејувана во сите сфери на уметноста и човековата генеза, но никогаш до крај разоткриена во својата комплексност, а едновремено е во непосредна релација со опстојувањето на човековиот род.“истакна во рамките на отворањето на овој проект Виолета Калиќ.