Tрадиционална групна мултимедијална изложба оваа година насловена „ ВЕЧНОТО ТАНГО – ЉУБОВ – ШТО Е ТОА ЉУБОВ“ посветена на синтезата на уметностите и нивното взаемно преточување, музиката, танцот, бојата, поетскиот збор со кој секоја година го одбележуваме празнувањето на Љубовта која е моќен инспиранс во уметностите и во животот на секоја единка.
Ликовните оставрувања на уметниците учесници на оваа групна изложба ќе бидат претставени и во рамките на Поетската вечер со истиот наслов така што ликовните дела ќе бидат презентирани и во тој контекст и публиката ќе има можност да ги види и да ја доживее таа синергија на уметностите и во рамките на отворањето на изложбата во ГАЛЕРИЈА „КО-РА“ – голем салон.